Барселона, синоќа без Меси, забележа лесна победа над Малага (2:0). Првиот гол го постигна Луис Суарез, а вториот Фелипе Кутињо.
Голот против Малага беше 21. оваа сезона во Ла Лига за Уругваецот, кој во првенството сега е на бројка од 106 постигнати гола.
Инаку ова е првиот гол кој Луис Суарез го постигна во дуелите со Малага.
Овој податок е значаен бидејќи Уругваецот во Ла Лига досега играл против 25 екипи, а од синоќа постигнал најмалку еден гол против секоја од нив.