Фаљи Рамадани, менаџерот на Лука Јовиќ, во вторник во Милан, ќе ги започне преговорите за трансферот на фудбалерот. Според италијанските медиуми ќе се преговара за позајмица до крајот на сезоната.
Лука Јовиќ сезонава се соочува со многу проблеми во „кралскиот клуб“. Беше заразен со коронавирусот, а откако се врати во тимот, се повреди на вториот тренинг. Синоќа беше на клупата за резерви во Еибар.
Милан, се обидуваат да најдат класичен напаѓач, по повредата на Златан Ибрахимовиќ. Ветеранот ќе паузира до крајот на наредниот месец.
Позицијата на Ибрахимовиќ ја покриваат Анте Ребиќ и Рафаел Леао, но овие двајца не се класични напаѓачи.
Милан се лидери во Серија А и во клубот се надеваат дека можат да ја прекинат деветгодишната доминација на Јувентус во домашното првенство.