Џенова му врачи отказ на тренерот Роландо Маран. Клубот чии дрес го носи Горан Пандев, по 13 рунди во Серија А, се наоѓа на претпоследното место со само една победа и вкупно седум освоени поени.
Маран, минатото лето, седна на клупата на Џенова, кога на позицијата го наследи Давиде Никола.
Италијанските медиуми шпекулираат дека нов тренер на Џенова ќе биде Давиде Балардини. Овој 56-годишен тренер, во кариерата, ја предводел Џенова во два мандати, во 2013 година и во сезоната 2017/2018.