Лионел Меси им признал на медиумите дека во текот на летото се чувствувал лошо, дека сакал да ја напушти Барселона и дополнил дека сега е возбуден од предизвиците што стојат пред него.
Меси, во летниот преоден рок, побара трансфер, но остана на „Ноу Камп“, бидејќи клубот не сакаше да го пушти без обесштетување.
„Денес се чувствувам добро. Точно е дека тоа не беше така во текот на летото“, рекол Аргентинецот.
„Причина за тоа се работите што претходно се случија, како ја завршивме сезоната…Но денес се чувствувам добро. Возбуден сум поради она што доаѓа, подготвен сум да се борам. Знам дека клубот минува низ тежок период, но јас сум добро расположен“.
Меси, во саботата, го постигна 643 гол за Барселона. На вечната листа се израмни со Пеле. Тие двајца се фудбалерите што постигнале најмногу голови настапувајќи само за еден клуб, Меси за Барса, а Пеле за Сантос.