Top Sport

Аљоша Асановиќ – кандидат за селектор на БиХ

Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец, Аљоша Асановиќ (55) е кандидат за селектор на Босна и Херцеговина откако од таа позиција неодамна се повлече Душан Бајевиќ, статистички најнеуспешниот шеф на стручен штаб во историјата на оваа балканска земја.

Босански „Дневни аваз“ пишува дека на адресата на Фудбалскиот сојуз на БиХ стигнале 8 понуди, меѓу кои и на Италијанецот, Марко Симеоне, но и екс-селекторот Мехмед Баждаревиќ

Конечната одлука за селектор ќе ја донесе Извршниот одбор.

Инаку, Асановиќ му беше помошник на Славен Билиќ од 2006 до 2012 година на клупата на Хрватска.

Scroll to Top