Top Sport

ЛА Лејкерс ги добија шампионските прстени

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, пред почетокот на натпреварот со Лос Анџелес Клиперс ги добија шампионските прстени. „Езерџиите“, пред два месеци, ја освоија титулата во НБА лигата.

Прстените се уникатни, бидејќи на нив се изгравирани дресовите со броевите 8 и 24, кои во Лејкерси ги носеше Коби Брајант, кој во јануари загина во хеликоптерска несреќа.

Прстените ги изработиле во „Jason of Beverly Hills“. Секој прстен е составен од 804 парчиња скапицен камен, жолти и бели дијаманти, злато и аметист.

Scroll to Top