Top Sport

Тигрес се шампиони во КОНКАКАФ зоната

Фудбалерите на Тигрес ја освоија титулата во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната. Мексиканците, во финалето во Орланд, забележаа победа од 2:1 над Лос Анџелес, во чии редови едно полувреме одигра фудбалерот со македонско потекло Дани Мусовски.

Тигрес до титулата дојдоа со голот на поранешниот француски репрезентативец Пјер-Андре Жињак, кој го комплетираше пресвртот на својот тим во 84.минута.

Претходно, Лос Анџелес дојоа до предност преку Уругваецот Диего Роси во 61.минута, а 11 минути подоцна резултатот го израмни 33-годишниот Хуго Ајала.

Тигрес ја освоија првата титула во својата историја, во КОНКАКАФ Лигата на шампиони. Инаку, во ова натпреварување доминираат екипите од Мексико со вкупно 36 освоени трофеи. Најмногу титули има Клуб Америка (7), следуваат Круз Азул (6) и Пачука (5).

Scroll to Top