Top Sport

Продале 72.000 билети за натпревар на празен стадион

Динамо Дрезеден, соопштија дека продале 72.000 влезници, за натпревар што се играл пред празни трибини.

Поранешниот великан од Источна Германија, на навивачите им понудил „влезници духови“, наречени така по „натпреварите на духови“. Влезниците биле по цена од пет евра.

Динамо објави дека продале дупло повеќе влезници од капацитетот на стадионот, заработиле 350.000 евра, кои ќе му помогнат на клубот да функционира во услови на пандемија.

Влезниците биле продадени за дуелот во Купот на Германија, во кој Динамо загуби со 0:3 од Дармштат.

Scroll to Top