Пандемијата на коронавирусот предизвика големи проблеми во календарот на ЕХФ. Досега се одложени 20 натпревари во Лигата на шампионите, планот на ЕХФ е тие да се одиграат во февруари наредната година.
Според овој календар, ракометарите на Вардар ги очекува пеколен распоред, тие во 20 дена ќе треба да одиграат осум натпревари.
Во февруари, според редовната програма, Вардар треба да одигра три натпревари, а истиот месец ќе ги игра и одложените пет натпревари.
Распоредот на Вардар:
Порто – Вардар (одложен натпревар, 4 февруари)
ПСЖ – Вардар (одложен натпревар, 9 февруари)
Флензбург – Вардар (10 февруари)
Пик Сегед – Вардар (одложен натпревар, 14 февруари)
Вардар – Пик Сегед (17 февруари)
Вардар – Елверум (одложен натпревар, 21 февруари)
Елверум – Вардар (24 февруари)
Вардар – ПСЖ (одложен натпревар, терминот се уште не е одреден)
Фото/rkvardar.mk