Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо по натпреварот против Торино (1:1), ја италијанската јавност и откри дека веќе една деценија има автоимуна болест – мијастенија. Тоа е нарушување кое влијае на неговиот квалитет на видот, му се случувало да гледа дупло.
„Ја користам ова прилика, за да испратам порака до сите, особено до децата кои се плашат кога ќе се случи нешто невообичаено или кога не се гледаат добро во огледало, дека животот е убав и мора да се соочите со него без страв и криење. Со овој проблем се соочувам десет години и ова е трет пат да ми се влоѓи состојбата“, рекол Гатузо и дополнил.
„Во секој случај, жив сум, иако имам слушнато гласини дека имам уште еден месец живот, но ве уверувам дека е се во ред. Кога ќе умрам сакам да ме однесат на садион, таму го поминав животот“.