Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик потврди дека се повлекува на крајот на сезоната по здравствените проблеми кои ги имаше минатата година.
36-годишниот Керик има 463 натпревари за Јунајтед од трансферот од Тотенхем за 18 милиони фунти во 2006 година, и 36 настапи за англиската репрезентација.
„Доаѓа време во кое телото ти вика дека е време да сопреш. Таму сум во моментов јас. Најверојатно ќе ја прифатам одлуката да останам во клубот како тренер“, изјави Керик, откако Жозе Мурињо уште претходно најави дека за Керик секогаш има место во тимот.
Керик имаше само четири настапи оваа сезона, откако му беше пронајдена аритмија и имаше мала хируршка интервенција.
„По проблемите со срцето, два три дена размислував дали да продолжам. Се вратив во физичка подготвеност и сакам да си заминам на свој начин. Се надевам дека ќе добијам шанса за уште некој настап и уживам во тренингот“, додава Керик.
Керик е дел од школата на Вест Хем и настапи 150 пати за „чеканите“ пред да дојде во Спарс во 2004 година. По две сезони на „Вајт Харт Лејн“, тој замина во Јунајтед, тим со кој освои пет титули од Лигата на шампионите и една од Лигата на шампионите, како и два порази во финалињата од Барселона во 2009 и 2011 година. Тој стана капитен на Јунајтед по заминувањето на Вејн Руни во Евертон во текот на летото.
Фото: ЕПА