Жозе Мурињо не издржа и влезе во фантастичен вербален напад на Франк де Бур, откако тој ја критикуваше неговата одлука да не му дава повеќе простор на Маркус Рашфорд.
Рашфорд оваа сезона нема постојано стартно место и во 40 настапи има 12 гола, од кои два против стариот ривал Ливерпул за 2:1 победа во саботата.
Де Бур, кој беше отпуштен од Кристал палас по седумте порази во првите седум гола оваа сезона, на гостување на „Скај“ изјави дека е штета што Рашфорд игра под Мурињо, бидејќи така нема да добие доволно време на теренот.
Мурињо беше безмилосен.
„Слушнав дека најлошиот менаџер во историјата на Премиер лигата, Франк де Бур, со седум меча и седум порази и без голови, вели дека е лошо што Рашфорд работи со мене, бидејќи така нема да игра. Да му беше тренер Франк тогаш ќе мораше да научи да губи, бидејќи тој губеше во секој натпревар. Јас им давам на децата најдоброто што умеам – едукација. За Маркус, морам да им честитам на луѓето од академијата за неговата формација и на Ван Гал за тоа што му даде шанса во првиот тим. Но, ако ги погледнете натпреварите кои ги играше со мене, тој имаше доволно шанси. Дали ќе игра на секој меч од стартот? Не, секако дека нема. Но, тој е играч во кој веруваме. Малкумина веруваа дека ќе го пуштам со Ливерпул“, вели Мурињо.