Најновото засилување на Барселона, Филип Кутињо вели дека Нејмар би бил пречекан со раширени раце доколку сака да се врати во Катлаонија.
Нејмар замина во Пари Сен-Жермен откако беше откупена неговата клаузула од 222 милиони евра, а овие пари Барса ги искористи во јануари да го донесе Кутињо од Ливерпул. По новите шпекулации кои велат дека ПСЖ не се сигурни дали Нејмар ќе остане и следната сезона, се вмеша и Кутињо.
„Со Нејмар, тоа е животот, но размислувам исто како Иван Ракитиќ. Тој е фантастичен играч и играм со него во бразилската репрезентација, што е вистинска привилегија. Би било супер тој да се врати кај нас и секако дека има отворена врата за него“, вели Кутињо.
Нејмар не е единствениот Бразилец кој се поврзува со трансфер во Барса, откако во недела се појавија вести дека Барселона и бразилскиот Гремио се согласиле за трансфер на Артур во текот на летото.
„Тој исто така е одличен играч и уште еден со кого играм во репрезентацијата. Тој со себе носи голем квалитет и вистински карактер на теренот. Погледнете било кој негов натпревар и ќе го забележите тоа“, додава Кутињо.