Лендри Ноко од денес е кошаркар на Црвена звезда. Ноко е од Камерун, се школувал во САД, има 26 години и игра на центарската позиција.
Црвена звезда потпиша договор со Ноко во текот на летот, меѓутоа тој не беше активиран бидејќи кошаркарот имаше здравствени проблеми. Откако, ги надмина здравствените проблеми, црвено-белите решија да го активираат договорот.
Ноко, претходните две сезони играше во Алба. Во Евролигата просечно по натпревар бележел 8,7 поени и 5,8 скока.
Извесно е дека поради Ноко од клубот ќе замине Американецот Емануел Тери.
Црвена звезда вечра се раздели со тренерот Саша обрадовиќ и на неговото место го ангажираше Дејан Радоњиќ.