Русија може да ги „малтретира“ и гони фановите на англиската репрезетентација доколку Велика Британија реагира на скандалот со труењето на шпиунот Сергеј Скрипал во Салисбјури, предупредија британските пратеници.
Том Тагенхад од владеачката Конзервативна партија и претседател на комитетот за надворешни работи предупредува дека ако премиерката Тереза Меј директно ги обивни Русите за труењето на двојниот агент Скрипал, навивачите на „трите лава“ во Русија ќе бидат вистинска мета.
„Владата мора да осигура британските фанови на Светското првенство да не бидат зафатени од целата ситуација. Сигурен сум дека Русија ќе реагира остро на англиските туристи доколку се случи тоа. Рано е да се зборува, но искрено очекувам компликации“, изјави Тагенхад.
Претходно, министерот за надворешни работи, Борис Џонсон најави дека ќе треба да се размисли дали Англија воопшто да оди на Светското првенство, а претседателот на англиската фудбалска федерација (ФА), принцот Вилијам потври дека ниту тој, ниту друг член на кралското семејство нема да патува на Мундијалот.