Top Sport

Матиќ: Титула со Јунајтед би значела исто како двете со Челси

Мечевите од Премиер лигата без навивачи се монотони и изгледаат на тренинг-сесии, признава ѕвездата на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, но посочува дека неговиот тим мора да сонува за титулата и покрај тоа што менаџерот Оле Гунар Солскјер неодамна изјави дека никој во тимот не зборува за тоа.

„Мечевите се како копија на самите себеси и изгледаат на тренинг-сесии без фанови на стадионот. Да не беше короната немаше да имаме вакви мечеви, на пример Ливерпул немаше шанси да загубат со 7:2 од Астон вила со фанови. Фудбалот преживеа, лигата се движи, но многу ни недостасуваат навивачите“, вели Матиќ во интервју за српскиот весник „Вечерње новости“.

Тој двапати ја освои титулата од Премиер лигата со Челси во 2015 и 2017, но вели дека трофеј со Јунајтед би вредел исто како тие две титули.

„Тоа би било остварување на уште еден сон по двете титули со Челси. Ако имаме малку среќа и ја освоиме титулата од Премиер лигата, тоа би било еднакво остварување со тоа во Челси. Се наоѓам во добра форма и мислам дека можам да играм на врвно ниво уште четири-пет години“, додава Србинот.

Јунајтед, кои немаат титула од последната сезона на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, се втори на табелата со 26 поени од 13 меча, пет зад лидерите Ливерпул, но со натпревар помалку.

Scroll to Top