Поранешниот голем талент на Барселона, Бојан Кркиќ, ќе се врати во Европа по настапите со Монтреал импакт во МЛС лигата, и ќе влезе во историјата како трет фудбалер кој играл во сите топ 5 европски лиги, тврди францускиот „Л’Екип“.
30-годишниот Кркиќ е најблиску до потпис со еднаш славниот тим на Сент-Етјен, а има и уште неколку француски клубови кои се заинтересирани. Бидејќи претходно во својата кариера играше во Барселона, Рома, Стоук сити, Мајнц, Милан, Ајакс и Алавес, со настапите во Франција би станал само третиот фудбалер во историјата кој настапувал во сите топ 5 лиги – Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија.
Претходно ова го имаа остварено само Романецот Флорин Радучоју (Милан, Еспањол, Штутгарт, Вест хем и Монако) и Данецот Кристијан Поулсен (Шалке, Севилја, Јувентус, Ливерпул, Евијан).