Манчестер сити се на уште еден чекор поблиску до освојувањето на титулата од Премиер лигата, откако на гостувањето кај Стоук сити забележија лесна 0:2 победа, благодарение на одличната партија на Давид Силва, кој ги постигна двата гола за лидерите.
Силва стрелаше во 10. и 50. минута за тимот на Пеп Гвардиола да забележи четврта победа во низа во Премиер лигата и да ја врати предноста на 16 поени пред градските ривали Манчестер јунајтед на само осум кола до крајот на шампионатот.
Од другата страна, Стоук сити се наоѓа во грчевита борба за опстанок – клубот е претпоследен во лигата со 27 поени, исто колку и 18-пласираниот Кристал палас и со поен помалку од Саутемптон.