Златан Ибрахимовиќ вели дека се чувствува како дома во Милан, опишувајќи ги „росонерите“ како најврвниот клуб за кој играл.
39-годишниот Швеѓанец се врати во Европа во декември 2019 по две сезони во МЛС со Лос Анџелес галакси, и првично доби шестмесечен договор со Милан, кој му беше продолжен и на сезоната 2019/20. Оваа сезона, тој има 11 гола во 10 натпревари за Милан, помагајќи клубот неочекувано да е прв во Серија А. Во интервју за „Ла газета дело спорт“, Ибрахимовиќ јасно кажува што мисли за својот клуб.
„Играв во многу клубови и секогаш го почитував клубот, но само во Милан се чувствувам како дома. Одам во Миланело секое утре и не се брзам да се вратам дома, бидејќи сум дома. Вака беше и кога првпат дојдов во Милан во 2010. Галијани и Берлускони, сите кои работеа таму те правеа да се чувствуваш как ода припаѓаш тука. Затоа, Милан останува најврвниот клуб за мене“, вели Ибрахимовиќ.