Лука Модриќ добил „награда“ од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез со нов едногодишен договор, со што ќе стане најстариот фудбалер, кој не е голман, кој играл за „кралевите“. Сепак, останува неизвесно дали ваква понуда ќе добие и капитенот, Серхио Рамос, чиј договор исто така завршува ова лето, тврди шпанската „Марка“.
Модриќ пристигна на „Бернабеу“ од Тотенхем во 2012 година, и оваа сезона го убедил тренерот Зинедин Зидан и претсеателот Перез дека уште е многу корисен за тимот. Сепак, поради економската ситуација во светот на фудбалот поради пандемијата на КОВИД-19, Модриќ би заработувал помалку од оваа сезона.
Ако со Модриќ работите се договорени, сега останува да се довршат преговорите со капитенот Серхио Рамос, кој не крие дека би сакал да остане во клубот, но не сака да добие само едногодишен договор каков што го нуди клубот.