Премеирлигашот Вулверхемптон се вклучи во трката за потписот на српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, иако се веруваше дека Милан се најзаинтересирани за неговите услоги, тврди „Скај спортс“.
Јовиќ има само пет настапи за „кралевите“ оваа сезона, со вкупно 200 одиграни минути, откако минатата сезона беше едно од најголемите разочарувања во клубот.
Не е јасно дали Реал би се согласиле на постојан договор за фудбалерот кој минатото лето го купија од Ајнтрахт Франкфурт, или би му дале шанса да отиде на позајмица за да добие повеќе минутажа.