Top Sport

Грос e четвртиот тренер на „отпишаниот“ Шалке оваа сезона

Швајцарскиот тренер Кристијан Грос е именуван за четврти тренер на Шалке во катастрофалната сезона со надеж дека ќе може да го спаси славниот тим од испаѓање.

66-годишниот Грос, кој до февруари беше тренер на саудискиот тим Ал-Ахли, доаѓа во Гелзенкирхен во позиција во која Шалке се последни на табелата по 13 кола, и веќе ги сменија Давид Вагнер, Мануел Баум и Хуб Стевенс. Шалке освоија само четири поени и се на шест поени од Арминија Билефелд на 16-тото место, кое носи плејоф за опстанок.

„Сакам да го почувствувам ентузијазмот на фудбалерите во секој момент. Ќе го дадам максимумот да ги исполниме целите заедно“, вели Грос.

Scroll to Top