Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека за два од вкупно 64 натпревари што ќе се одиграат на Светското првенство во Русија, нема повеќе билети.
ФИФА, во пресрет на новата фаза на продажба на билети, објави дека од септември досега се продадени 1. 303.616 билети.
Билети повеќе нема за финалниот натпревар на 15.јули и за првиот натпревар во Д-групата помеѓу Аргентина и Исланд, што ќе се игра на стадионот на Спартак во Москва на 16.јуни.
ФИФА објави дека за овој натпревар можно е контигент на влезници да добијат Фудбалските сојузи ан Аргентина и Исланд, како и турирстичките агенции.
Новата фаза на продажба на влезници за натпреварите во Русија започна денес.
ФИФА потсети дека според барањето на руските власти секој навивач што ќе присуствува на натпреварите ќе мора да има навивачка лична карта. Тоа ќе биде официјален документ за идентификација.
Навивачите се повикани што поскоро да се пријават за да го добијат тој документ. Односно ФИФА очекува од нив да се пријават веднаш кога ќе добијат мејл дека нивниот билет е резервиран.
Навивачите само со влезницата и навивачката лична карта ќе можат да влезат на стадионите. Навивачката лична карта има свои предност во Русија: безвизен влез во државата, бесплатен превоз во деновите кога се играат натпревари, бесплатни патувања помеѓу градовите.