Top Sport

Изненадувачки порази на Милвоки и Бруклин

Покрај историската победа на Далас против ЛА Клиперс, ноќта во НБА лигата ја обележаа поразите на фаворизираните Милвоки Бакс и Бруклин Нетс.

Њујорк Никс им спуштија рампа на Милвоки и Јанис Адетокумбо. Никс на полувреме имаа 16 поени предност, а до крајот на мечот само ја зголемија предноста. До победата од 130:110, Никс ги предводеа Џулиус Рендл (29 поени, 14 скока, 7 асистенции) и Елфрид Пејтон (27 поени, 7 асистенции). Јанис за Милвоки забележа 27 поени, 13 скока и 5 асистенции.

Бруклин немаа решение за тандемот на Шарлот Тери Розир и Гордон Хејворд и го запишаа првиот пораз во сезоната. Шарлот славеа со 106:104, со поени на Розир од линијата за слободни фрлања. Хејворд мечот го заврши со 28 поени, 7 скока, 6 асистенции, Розир постигна 19 поени. Бруклин го предводеа Кевон Дурент со 29 и Кајри Ирвинг со 24 поени.

Резултати:

ЛА Клиперс-Далас 73:124
Вашингтон-Орландо 113.120
Њу Орлеанс-Сан Антонио 98:95
Шарлот-Бруклин 106:104
Кливленд-Филаделфија 118:94
Њујорк-Милвоки 130:110
Индијана-Бостон 108:107
Чикаго-Голден стејт 128:129
Сакраменто-Финикс 110:116
ЛА Лејкерс-Минесота 127:91.

Scroll to Top