Top Sport

Барса нема да го исплати Ертел ако тој потпише за друг шпански клуб

Спортскиот директор на Барселона, Алберт Солер, проговорил за проблемот кој го има клубот со кошаркарот Тома Ертел.

Минатата недела, Барселона, не му дозволи на Ертел да се врати со тимот од Истанбул, откако откриле дека тој не преговарал со Фенербахче туку со Реал Мадрид.

„Кога дознавме дека преговара со друг клуб од Шпанија, решивме да не му дозволиме да биде со тимот. Тој остана во Истанбул, а ние му го плативме хотелот и авионскиот билет од Истанбул до Барселона. Добивме рок од Евролигата спорто да го решиме до 6.јануари. Ертел повеќе не е дел од нашиот клуб. Ќе му помогнеме да замине, но доколку потпише до друг клуб од Шпанија, нема да му биде го исплатиме“, рекол Солер.

Ставот на Барса е јасен, Ертел не смее да остане во Шпанија. Прашање е што ќе реши кошаркарот, дали ќе се откаже од преостанаите плати за да игра во Реал, или ќе ги земе парите и ќе ја напушти Шпанија.

Scroll to Top