Милан посакуваат својот и така млад тим да го засилат со младиот фудбалер на Барселона, Рики Пуиг на позајмица веќе во јануари, тврди „Скај спорт Италија“.
21-годишниот Пуиг не добива многу време од тренерот на Барса, Роналд Куман, кој наводно го обвини на стартот на сезоната дека е „крт“ во соблекувалната и дека намерно пропушта информации до медиумите.
Доколку успеат да го добијат Пуиг, тоа би било на договор сличен каков што имаат со Реал Мадрид за Брахим Дијаз и со Манчестер јунајтед за Диого Далот. Претходно за Пиуг беа заинтересирани и премиерлигашите Арсенал и Лидс.