Евертон се огласија уште еднаш по повод одложениот натпревар со Манчестер сити. „Карамелите“, синоќа требаше да ги пречекаат „граѓаните“, во рамките на 16 коло во Премиер лигата.
Натпреварот на „Гудисон“ е одложен по пријавата на Сити дека имаат неколку заразени со коронавирусот. Од Евертон истакнале дека им е жал што натпреварот е одложен и истакнале дека ќе бараат дополнително објаснување од лигата.
„Евертон жали што е одложен натпреварот со Манчестер сити, не само поради 2.000 навивачи кои ќе беа на стадионот, туку и поради сите навивачи во светот. Нашите играчи беа подготвени за натпреварот. Натпреварите се најважни датуми во нашиот календар, а ова требаше да биде голем меч. Ќе бараме да имаме увид во сите информации што од Сити ги доставиле во Премиер лигата“.