Top Sport

Гвардиола прави сè да ги излаже другите?

Поранешниот доктор на Баерн Минхен, Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт влезе во остар напад на тренерот на Манчестер сити, велејќи дека тој прави сè во својата моќ да ги излаже другите и бара од другите да прават чуда.

Милер-Волфарт беше доктор на Баерн дури 38 години пред да си даде оставка во 2015 година по судирот со Гвардиола, кој помина три месеци на „Алијанц Арената“, освојувајќи три титули од Бундеслигата и пласирајќи се во три полуфиналиња н-а Лигата на шампионите.

Гвардиола и Милер-Волфарт и во времето кога работеа заедно не се согласуваа најдобро, а Гвардиола го обвини докторот за поразот од Порто во дуелот од Лигата на шампионите, по што Милер-Волфарт си даде оставка. Сега во автобиографијата, од која „Билд“ има извадоци, докторот не го штеди тренерот.

„Под Пеп Гвардиола во Баерн Минхен се смени климата и стана многу јасно дека не ми верува мене, ниту на мојот тим. Од друга страна, тој беше толку незаинтересиран за медицинските проблеми, и бараше чуда од нас. Гвардиола во медиумите честопати е претставуван како иновативен, или револуционерен тренер. Во Баерн Минхен тој го врати времето наназад. Го одби нашиот медицински подготвен план на подготовки пред секој тренинг. Едноставно не можев да работам така. Не го интересираше ниту кои фудбалери беа повредени“, објаснува Милер-Волфарт.

Во својата кариера Милер-Волфарт работел со ѕвезди како Роналдо, Јусеин Болт, Дарен Гоуг, Хозе Марија Олазабал и Мајкл Овен. Последната реченица е директен напад на неговиот поранешен колега.

„Мислам дека Пеп Гвардиола е личност со мала самодоверба, која прави сè во својата моќ да ги излаже другите. Затоа живее во постојан страв, не толку од пораз, туку од губењето на моќта и авторитетот“, завршува Милер-Волфарт.

Scroll to Top