Иако Манчестер сити има милиони евра достапни за трошење во било кој преоден рок, нивниот спортски директор Феран Соријано признава дека потписот на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не е во нивните планови.
Шпанецот веќе работеше со Меси додека беше потпретседател за финансии на Барселона од 2003 до 2008 година, и сега вели дека 30-годишниот Аргентинец ужива во животот во каталонската престолниан и тоа нема да се смени.
„Нема шанси да се потпише со Меси. Го знам него добро и целото негово семејство и знам дека им е добро во Барселона, каде што треба да биде. Ние ќе мораме да работиме без него, односно по потешкиот пат, бидејќи тој е најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот. Тој смени сè и е вистински гениј“, вели Соријано во интервју за аргентинските медиуми.
Во Барселона, Соријано имаше шанса да се сретне и со Пеп Гвардиола, по што замина во Сити, во проектот на кралското семејство на Абу Даби, кое го направи Сити вистинска сила во европскиот фудбал.
„Гвардиола сака да работи и работи повеќе од другите, па затоа сметаат дека е гениј. Знае дека фудбалот е суров и дека моментот кога ќе се опуштиш, примаш четири гола. Целта во Сити е долгорочно планирање и мораме да ги направиме вистинските одлуки, дури иако тоа понекогаш не им се допаѓа на фановите“, додава Соријано.