Top Sport

Наинголан стигна на Сардинија: Во Интер ми ја земаа фудбалската радост

Раџа Наинголан не штедеше зборови за Интер, откако пристигна во Каљари како позајмен фудбалер за третпат да игра за клубот во Сардинија, велејќи дека е пресреќен што конечно ќе игра фудбал со радост, откако таа му беше „одземена“ во Милано.

Белгиецот на почетокот на својата кариера играше за Каљари пред да направи трансфер во Рома, а потоа ја помина минатата сезона на позајмица, пред да се врати во Интер и да ги помине шесте месеци од новата сезона на клупата.

„Сакам да ја вратам радоста на играње фудбал, која ми беше одземена во првиот дел од сезоната. Сакам да играм фудбал и сакам да зборувам за работите што се случуваат на теренот, бидејќи другите работи кои ги има во весниците се апсурдни. Тука сум, исто како минатото лето и би сакал да кажам и следното лето. Јас сум некој кој очигледно го туркаат каде што сакаат. Сакам да помогнам со моето искуство и да придонесам Каљари да има резултати какви што заслужува“, изјави  Наинголан на аеродромот во Каљари.

Scroll to Top