Top Sport

Наинголан го започна третиот мандат во Каљари

Раџа Наинголан (32) денес го започна својот трет мандат во екипата на Каљари. Белгиецот, од почетокот на сезоната, одигра само 45 минути за Интер, поради што прифати да се врати на Сардинија.

Наинголан, минатата сезона како позајмен фудбалер ја мина во Каљари, а претходно дресот на овој клуб го носеше од 2010 до 2014 година.

Иако се поврзуваше со Сасуоло, тој решил да ја прифати понудата од својот поранешен клуб. Инаку, Наинголан, за шест месеци ќе биде слободен играч.

Каљари на своите профили, на социјалните мрежи, го потврди трансферот на поранешниот репрезентативец на Белгија.

 

Scroll to Top