Top Sport

Пјонтек се врати во Џенова

Полскиот напаѓач Кшоштоф Пјонтек се враќа во Џенова. Херта и Џенова се договориле 25-годишниот напаѓач, до крајот на сеозната, да биде настапува како позајмен играч.

Џенова игра лошо оваа сезона, од стратот се наоѓаат во опасната сезона и како сега стојат работите, до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок. Поради лошите резултати тренерот Роландо Маран доби отказ, а нов тренер стана Давиде Балардини.

Балардини со триумф кај Специја го започна четвртиот мандат на клупата на Џенова. Овој тренер е клучот ба трансферот на Пјонтек. Полјакот кај Балардини играше во фанатастична форма, што му овозможи трансфер во Милан.

Во јануари 2019 година, Милан за Пјонтек на Џенова и плати 35 милиони евра. Напаѓачот одигра добри шест месеци, но формата ја загуби некаде на почетокот на сезоната 2019/2020. Поради тоа, во јануари оваа година, Милан ја прифатија понудата на Херта од 24 милиони евра.

Инаку, Пјонтек, во дресот на Џенова има одиграно 19 натпревари и постигнато 13 голови.

Scroll to Top