Top Sport

Фудбалер на Галатасарај палел огномет, па завршил во болница

Фудбалерот на Галатасарај, Омар Елабделуи, се здобил со сериозни повреди во новогодишната ноќ. Турските медиуми објавија, норвешкиот репрезентативец, се повредил додека палел огномети.

Елабделуи, бил хоспитализиран со повреди на рацете и на окото. Нема информации колку се сериозни повредите.

Елабделуи, кариерата ја започнал во младинскиот тим на Манечстер сити, но никогаш не добил можност да настапи за првиот тим. Во Премиер лигата настапувал во сезоната 2016/17 како играч на Хал сити.

Scroll to Top