Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, во пресрет на осминафиналниот реванш против Челси во Лигата на шампионите, рекол дека не е сигурен дали Андрес Иниеста ќе биде подготвен за овој натпревар.
Иниеста се повреди пред три недели на првиот натпревар помеѓу двата тима што заврши со резултат 1:1.
„Вчера на тренингот работеше без проблеми. Ќе видиме како ќе се чувствува денес и потоа ќе решиме дали ќе игра. Знаеме дека ова е многу важен натревар, но сепак одлуката дали ќе игра или не ќе ја донесе Иниеста“, рекол Валверде.
„Нерешениот резултат од првиот натпревар е добар за нас. Посигнавме гол во гости и мислам дека сме во подобра положба во однос на Челси“.
За можноста Иниеста да не биде во тимот на Барселона проговорил и меначерот на Челси, Антонио Конте.
„Постојат многу одлични играчи кои поседуваат голем талент, но Иниеста е поинаков, тој е фудбалски гениј“, рекол Конте.
Натпреварот Барселона-Челси се игра вечерва од 20:45 часот на „Ноу Камп“.