Бернард Томич не може да се пофали со 2017 година. Покрај фактот што уште еднаш загуби во првото коло од квалификант, овојпат на Ерсте Банк опен во Виена, одлуката да сервира на ваков начин беше неверојатна.
Tomic (?@TennisTV ) pic.twitter.com/IAgwja8xrF
— doublefault28 (@doublefault28) October 23, 2017
При 5:5 резултати, Томич дојде до водство од 40:0 пред да се реши да се прави важен. 25-годишниот Австралиец, кој претходно изјавуваше дека тенисот веќе не го возбудува и се фалеше со милионите кои ги заработил се реши на ваков потег.
Францускиот квалификант, Пјер-Иг Ербер, немаше проблем да го освои поенот, а подоцна и мечот со 7:6(4)/7:5.
Bernard Tomic serves underarm at Erste Bank Open ?? pic.twitter.com/HCPLSwHYjN
— Jack Wilson (@JackWilson_5) October 23, 2017