Top Sport

Пропадна размената на релација Интер-ПСЖ

ПСЖ и Интер нема да си разменат фудбалери. Изминатите денови медиумите пишуваа дека првиот кандидат за нов тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, ќе го донесе во Париз својот миленик, Кристијан Ериксен.

Данецот ги брои последните денови во Интер, откако една година по доаѓањето не успеа да се наметне кај тренерот Антонио Конте. Интер го стави Ериксен на трансфер-листата и доколку во клубот пристигне задоволителна понуда тој ќе замине од Милано.

Се претпоставуваше дека Ериксен ќе се пресели во ПСЖ, а во противна насока ќе замине Леандро Паредес. Сепка како што пишува „Ла Паризиен“ ваква размена нема да се случи, бидејќи Паредес немал намера да го напушта Париз.

Scroll to Top