Манчестер сити без петмина фудбалери ќе му се спротивстави на Челси во дербиот на 17.коло, во Премиер лигата. Кајл Вокер и Габриел Жесус прв се заразија, по мечот во Лига купот со Арсенал, а потоа клубот потврди дека има уште тројца позитивни, поради што беше одложен натпреварот до Евертон во првенството.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, не сакал да открие кои играчаи се заразени, само рекол дека тие се важни играчи за првиот тим.
„Од Премиер лигата ни кажаа да не откриваме кои играчо се заразени. Мораме да ја почитуваме нивната приватност. Кога ќе го видите составот ќе знаете кои се тие фудбалери. Јас не смеам да ви кажам“, рекол Гвардиола.