Сопственикот на Манчестер јунајтед, Ед Глејзер беше домаќин на специјална забава за собирање средства за американскиот претседател Доналд Трамп.
Гостите во неговата куќа во Беверли Парк во Калифорнија во вторникот навечер платија од 35.000 до 250.000 долари за билети за настанот, а вкупно имаше 64 гости. Целта беше да се соберат 5 милиони долари. Според порталот „ТМЗ“, забавата прво имала име „забава за победа“, но по елиминацијата на Јунајтед во Лигата на шампионите го загубила тоа име.
Глејзер е долгогодишен поддржувач на Трамп и донираше 98.000 долари за кампањата, 250.000 долари за комитетот за инаугурација и 50.000 долари по победата на кандидатот на Републиканската партија.
Сепак, Глејзер претходно донираше и 5.400 долари за претседателската кампања на Хилари Клинтон. Тој живее во луксузен дом од 22.7 милиони долари со својата сопруга Шари.