Денеска светот на науката се прости од професорот Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата и неверојатен популаризатор на знаењето. Хокинг, кој беше Англичанец, никогаш не беше голем фудбалски навивач, но пред СП во Бразил во 2014 ги „пресмета“ шансите за титула.
Хокинг направи анализа на 45-те мечеви на Англија од Светското првенство во 1966 година (кога ја освоија единствената титула), земајќи ги во предвид тактиката, психолошкиот притисок, успешноста во изведувањето на пеналите, и дури температурата на натпреварите. На крајот заклучокот беше едноставен.
„Како што велиме во науката, Англија не може да погоди газ од крава со бенџо“, изјави тогаш Хокинг.
Професорот исто така му советуваше на тогашниот селектор Рој Хоџсон да игра со 4-3-3 формација, да носат црвени дресови, да се надеваат на европски судии, на старт на мечевите до 3 часот попладне, за не многу топло време и за натпревари под 500 метри надморска височина. Тој исто така додаде дека фудбалерите со лоши фризури имаат поголеми шанси да постигнат гол.
„Тоа е една од необјаснетите научни истории. Од почетоците на цивилизацијата, луѓето ги поврзуваат работите. Светското првенство е исто такво. Јас сум Англичанец и ќе навивам за момците, но се обложувам на Бразил“, изјави тогаш Хокинг.
Бидејќи физиката беше негова најсилна страна, ќе му простиме за прогнозата за Бразил, кои загубија со 7:1 во славниот меч од подоцнежните шампиони, Германците.