Килијан Мбапе постигна два гола за да ги предводи Пари Сен-Жермен до 2:1 победа над Анжер во првиот меч од 31. коло на францускиот шампионат, надминувајќи ги проблемите на домашниот тим по црвениот картон за бруталниот старт на Тијаго Мота.
Јулијан Дракслер го пронајде тинејџерот со одлична топка уште во 12. минута за водство против аутсајдерите, но само четири минути подоцна Мота реши да прегази еден противник и доби директен црвен картон.
You cannot do that!!! ?
PSG’s Thiago Motta sees red for a blatant stamp… ? pic.twitter.com/Jat7cychGb
— Goal (@goal) March 14, 2018
ПСЖ е без Нејмар до крајот на сезоната по скршеницата на стапалото, но затоа го имаат фантастичниот Мбапе, кој во 25. минута го удвои водството. Анжер придонесе да има нервозни последни 15 минути на „Паркот на принцовите“, откако Карл Токо Екамби избега од офсајд-стапица за да постигне почесен гол за гостите.
ПСЖ со победата има 80 поени на врвот на Лига 1, дури 17 повеќе од минатогодишните шампиони Монако.