Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Аталанта 2:0 во одложениот натпревар во Серија А и ја зголеми предноста на челната позиција во однос на Наполи на четири бода.
„Старата дама“ со рутинска игра дојде до посакуваните три бода. По почетните мирни 20 минути, Јувентус целосно ја презеде контрлата и таквата игра му донесе резултат во 29.минута кога Гонзало Игуан го совлада Бериша.
Аргентинецот го постигна својот 15.гол во Серија А оваа сезона.
Јувентус во вториот дел имаше две добри можности за постигнување на гол преку Дибала и Пјаниќ, а добрата игра ја материјализираше во 81.минута преку Матуиди.
Аталанта натпреварот го заврши со играч помалку бидејќи во 79.минута Манчини доби црвен картон.
Јувентус ја забележа 12.победа по ред во првенството и со 73 бода маршира кон нова шампионаска титула.