Марк Хјуз ќе биде манеџер на Саутемптон до крајот на оваа сезона, потврди клубот на својата интернет страница. Хјуз на клупата на Саутемптон го наследи Маурисио Пелегрини.
„Прземењето на Саутемптон за мене е голем предизвик, многу сум возбуден. Зад себе имам искуство и верувам дека Саутемптон ќе игра во Премиер лигата и наредната сезона. Клубот тоа го заслужува“, изјавил Хјуз.
Саутемптон се наоѓа во серија на катастрофални резултати, на последните 17 натпревари тимот има само една победа (против ВБА 2:3, на 3.февруари) и до крајот на сезоната ќе води грчевите борба за опстанок.
На осум кола до крајот на сезоната Саутемптон се наоѓа на 17.место со само 28 бода, зад него во опасната зона со бод помалку се Кристал Палас и Стоук, односно ВБА со само 20 поени.