Top Sport

Ќе се игра дербито, Јувентус се на пат кон Милано

Дербито во Серија А помеѓу лидерот на табелата Милан и бранителот на титулата Јувентус, ќе се игра вечерва на на „Сан Сиро“. Фудбалерите на Јувентус околу 11 часот се упатиле кон Милано.

Одигрувањето на натпреварот беше под знак прашалник, откако Јувентус пријавија дека двајца играчи се заразени со коронавирусот. Станува збор за Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.

Тестовите кои биле направени синоќа покажале дека покрај овие двајца никој друг не е заразен со вирусот.

Натпреварот ќе започне во 20.45 часот.

Милан се први на табелата, со натпревар повеќе имаат 10 поени повеќе од петто пласираните Јувентус.

Scroll to Top