Top Sport

Назачки се спушти низ скокалница и направи две салта

Попладнево во Бишофсхофен ќе заврши традиционалната новогодишна турнеја. Додека вљубениците во скијачките скокови го чекаат конечниот епилог на турнејата, еден човек на скокалницата презентираше секакви егзибиции за кои е потребна луда храброст.

Фабијан Бош е „freeskier“, се занимава со скијање со слободен стил, секогаш е подготвен да прави разни акробации на скии.

Бош низ скокалницата во Бишофсхофен се спушти наназад, а потоа од поставената платформа направи два премети.

Scroll to Top