Top Sport

Штрасер ги изненади конкурентите во Загреб

Германецот Линус Штрасер победи во слаломската трка која се одржа во Загреб. Штрасер, беше осми по првата трка, но блескаше во втората и на крајот со време 2:01.30 минути, ја забележа втората победа во кариерата.

Второто место го освои Мануел Фелер со време 2:01.40 минути, додека 16 стотинки послабо време од победникот имаше Марко Шварц.

Во Загреб блескаа домашните натпреварувачи, Филип Зубчиќ заврши на петтото место, а уште четворица се пласираа меѓу најдобрите 15.

Во поредокот за слалом води Мануал Фелер со 210 бода, втор е Норвежанецот Кристоферсон со 166.

Scroll to Top