Најлошиот британски боксер, „Рокин“ Робин Дикин, конечно, реши да се пензионира откако победи на само 2 меча во својата 12-годишна професионална кариера, а загуби дури 53 пати.
Дикин имаше одличен почеток на кариерата, откако победи во своето деби во 2006 година, но сега, по 2-53 скор вели дека „му е доста да го удираат“. Тој имаше неверојатна низа од 50 порази, пред да стигне до втората победа во 2015 година. По уште два порази, тој вели дека се враќа на својата друга кариера, како месар.
„Објавувам дека се повлекувам откако не бев успешен и загубив многу мозочни келии. Веќе не можам. Боксував против најдобрите во Британија и на светот, но кариерата не ми беше најдобра. Горд сум што направив нешто што никој друг не можеше. Благодарам на сите кои беа против мене, но и на тие кои ме сакаа. Едноставно, веќе не сакам да ме удираат“, вели Дикин.
Тој беше толку лош што Британскиот боксерски совет (БББЦ) реши да му ја одземе лиценцата поради загриженост за неговото здравје, а не успеа да обезбеди дуел со Конор Бен, боксер кој се потсмеваше со неговите „квалитети“ и со неговата физичка мана – роден е со повредено стапало. Дикин вели дека мора да внимава на семејството.
„Боксот е безбеден спорт, но ако не тренираш ќе те повредат. Имам семејство и морам да им обезбедам сè што можам“, вели Дикин.
Тој исто така го предизвика УФЦ „воинот“ Конор Мекгрегор на меч, велејќи дека барем има повеќе победи од него во рингот – Ирецот го загуби единствениот боксерски меч во кариерата од Флојд Мејведер Јуниор минатата година.
I retired with more wins than #conorMcgregor. I’ll come out of retirement for him or #Benn Conor McGregor the worst in Ireland Vs the worst in Britain let’s have it ?
— Robin Deakin (@rockinrobinbox6) March 14, 2018