Данскиот фудбалски интернационалец, Кристијан Ериксен веројатно овој месец ќе си замине од Интер, а клубот од Милано се уште должи пари за неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“ пред една година.
Играчот од средниот ред минатиот јануари дојде од Тотенхем за 20 милиони евра. Неговиот агент Мартинус Шутс тврди дека Интер му должат пари за посредувањето при трансферот и си ја бара исплатата.
Италијанските медиуми пишуваат дека „Нероазурите“ тогаш го овластиле Шутс за преговори со премиерлигашот и договориле дека ќе му исплатат 7 милиони евра ако ја заврши работата.
Шутс вели дека клубот досега му исплатил само 1 милион евра и сега на суд си ги бара останатите пари.
Ериксен за оваа една година во Интер не се снајде како што треба, па затоа се се погласни гласините дека месецов тој си оди од Милано.