Легендата на Сан Антонио Спарс, Тим Данкан е воодушевен од српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ. За него зборуваше по страшната партија што популарниот „Џокер“ ја имаше против Далас.
Данкан на прашање кого сака најмногу да гледа во НБА лигата:
„Сакам да го гледам Денвер, сакам да го гледам Јокиќ. Баш сакам да го следам `Џокерот`, многу е забавен. Неговата креативност, работа со стапалата, неговите додавања, многу е интересно да го гледаш“ рече Данкан.
Токму тој, едната половина од таканаречените „Кули близначки“ во Сан Антонио беше еден од центрите кои почнаа да ги разигруваат соиграчите, со лидерски способности во нападот и со сјаен преглед во одбраната.
Тим Данкан последен пат до НБА титулата стигна пред 7 сезони, останува да се види дали Јокиќ и Денвер се кадарни за такво нешто.