Роџер Федерер го победи Хјеонг Чунг на мастерсот во Индијан Велс се пласира во полу-финалето и воедно го израмни најдобриот старт на сезоната во својата кариера.
Четврт-финалната победа над Чунг во Индијан Велс беше 16. за Федерер од почетокот на сезоната, во која се уште не е поразен. Ваков старт Швајцарецот имал во 2006 година, која е најуспешна во неговата кариера со 12 титули (три гренд слема). Федерер 2006 година ја заврши со 92 победи и само пет порази.
„Се надевам дека ќе победам и во наредниот меч и дека в сабота ќе поставам нов рекорд“, рекол Федерер.
Најдолгата победничка низа Федерер ја имал во финишот на сезоната в 2005 година, кога остварил 35 победи.
Најдобар старт во една сезоната, во Опен ерата, има Новак Ѓоковиќ. Србинот во 2011 година ја започнал со 43 победи.