Top Sport

Солскјер не дава Ван де Бек да си оди: Тој ќе игра за Јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер побара од Дони ван де Бек да ја заддржи довербата во тимот по тврдењата дека треба да побара барем позајмица во јануари за да не го загуби местото во холандската репрезентација за Европското првенство.

По трансферот од 40 милиони фунти од Ајакс, 23-годишниот Ван де Бек има само два настапи во Премиер лигата, по што Роналд де Бур му порача да размисли за позајмица и дури за продажба. Холанѓанецот стартуваше против Вотфорд во ФА купот (1:0) во саботата и Солскјер вели дека ситуацијата не е сменета.

„Одговорив на ова прашање многу пати и има многу примери на фудбалери на кои им е потребно малку повеќе време на теренот. Кај нас и во други клубови. Не очекувам тие кои се грижат за него да бидат тивки, но Дони е свесен колку ние го цениме и тој ќе ја добие својата шанса“, вели Солскјер.

Аргентинската двојка Серхио Ромеро и Маркос Рохо најверојатно ќе заминат од клубот, додека дефанзивецот Тимоти Фосу-Менса или ќе биде продаден или ќе биде пратен на позајмица откако имаше само три настапи оваа сезона.

Scroll to Top